„Визер“ укинаа уште една линија од Скопје – авиокомпанијата повеќе нема да лета од нашиот главен град до Будимпешта

„Визер“ ќе ја укине авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, што ја прави седмата повлечена линија во последната година. Од јануари 2025, компанијата веќе ги прекина летовите кон Салцбург и Бремен, како и кон Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.

Причината за укинувањето на оваа линија не е соопштена, а останува неизвесно дали ќе биде повторно воспоставена со зимскиот ред на летање.

 

 

Во меѓувреме, „Визер“ доби субвенции од Владата за нови авиолинии кон Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација. Министерството за транспорт објави нов јавен повик за субвенционирани авиолинии, со цел граѓаните да не зависат само од една авиокомпанија.

Реалноста е дека „Визер“ нудеше ефтини летови од Скопје и Охрид од многу европски атрактивни дестинации, но во последните години се укинаа многу важни летови, а цените на оние што останаа драстично се зголемија.

  • Patriot напиша:

    Uste malku i magarinjata ke izbegaat od mankedonija !

  • Жарко Г. напиша:

    Ами сега Грујо Паторот со што ќе се врати за да одлежи во затвор?!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *