Владо Јовановски до Марта Кос: Пинџурот не е мојот идентитет госпоѓо ЕУ-комесарке!

Актерот Владо Јовановски ѝ се обрати на еврокомесарката за проширување Марта Кос по повод нејзината посета на Македонија вчера:

„Пинџурот не е мојот идентитет госпоѓо ЕУ-комесарке! Од која и земја и култура да доаѓате.

А да, македонскиот пинџур, и тавче гравче, и полнети пиперки итн. се прекрасни, ама тоа не е македонскиот идентитет, кој треба да стане бугарски, за Р. Македонија да влезе во ЕУ.
А ако постојано тоа го верглате со секое ваше доаѓање, во оваа древна македонска земја и исконска култура, со традиција, да не зборувам за историја илјадовековна, меморија, митологија…
Подобро е да не доаѓате и да не го лижете ѓонот на вашите потпетици.
Благодарам за двосмислените одговори на поставените прашања од нашите новинари и догледање!“

  • Bato напиша:

    Владо да си ми жив и здрав барен100 тка

  • Горан И. напиша:

    Мислам дека е време, на ваквите „европЛатеници“, кога ќе дојдат тука, ако немаат што да кажат, да им дадеме пинџур, тавче гравче и други Македонски специјалитети, за да им покажеме дека сме гостољубиви и да ги испратиме таму од каде што си дошле, со порака дека следниот пат, кога ќе дојдат, сами ќе си го платат ручекот.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *