Властите во Грција забраниле пловечки платформи на оваа плажа, па погледнете како туристите стигнуваат до брегот со сите лични работи на нив

Туристите во Грција кои се качиле во траект за да стигнат на плажа во Крит беа „пријатно“ изненадени кога им беше наложено да се симнат од бродот и да „прошетаат“ низ водата длабока до вратот со своите работи. Инцидентот се случил затоа што на плажата во Крит властите забраниле употреба на пловечка платформа поради загриженост за прекумерен туризам.

 

Според извештаите на сведоците, толпа туристи, вклучувајќи семејства и постари лица, биле принудени да се движат низ морето за да стигнат до брегот. Еден американски турист ја опиша ситуацијата како „целосно неприфатлива“, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат патниците, особено оние кои не знаат да пливаат.

„Не можев да верувам дека моравме да поминеме низ вода длабока до градите само за да стигнеме до плажата. Беше страшно“, се жалеше туристот.

 

Одлуката за забрана на пловечката платформа наиде на брза реакција откако снимката од инцидентот стана вирална, што ги натера властите да го сменат својот став. Наскоро треба да се инсталира нова пловечка платформа за да се олесни побезбедното спуштање на посетителите.

Плажата за која станува збор е позната по своите недопрени бели песоци и тиркизни води, дом на заштитени видови како Елеанора соколи, монашки фоки и морски желки. Сепак, загриженоста за зголемениот број туристи предизвика тензии во Грција, при што протести и графити кои изразуваат антитуристички чувства се појавија на различни локации.

  • Kiki напиша:

    Некој па ги тера да одат 😒

  • Жарко Г. напиша:

    ГЕЈЛАДА и…се’ е можно.
    Никој не ги тера „патлиџан“ туристите, а посебно Македонците, да оставаат милиони евра во оваа скапаница од држава. А, после кога ќе се вратат назад истите приказни како и ланската година…те му ги издупиле гумите, те му ги украле таблиците, те му ја исшкртале колата, те ова, те она…Ако ви е убаво пак одете до година во ГЕЈЛАДА или ЛЕЗБИЈА или ПЕДЕРИЈА!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *