Влегле двајца Хрвати во авион и до нив седнал еден Србин (виц)

Влегле двајца Хрвати во авион за Њујорк. Едниот седнал до прозорецот, а другиот на средното седиште. Токму пред полетувањето, на седиштето до патеката седнал еден Србин.

Штом ги соблекол чевлите и се раскомотил, Хрватот до прозорецот рекол:
– Мислам дека ќе станам да си земам една кока-кола.

Србинот му вели:
– Нема проблем, јас ќе ти донесам, да не се извлекуваш оттаму.

Штом заминал, Хрватот му ја зел едната чевла и плукнал во неа.

Кога Србинот се вратил со кока-колата, другиот Хрват рекол:
– Ех, и јас би се напил една кока-кола!

Србинот отишол да му донесе и нему, а Хрватот веднаш му плукнал во другата чевла.

Србинот се вратил со пијалакот и така сите си уживале во летот до Њујорк.

Кога авионот слетал, Србинот ги облекол чевлите, сфатил што му направиле и им рекол:

– До кога бе вака? До кога ќе трае ова непријателство меѓу нас… оваа омраза… вие да ми плукате во чевлите, а јас да ви мочам во кока-колата?!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *