Внатре во најбогатиот град во Азија, којшто е дом на 14 милијардери и повеќе од 290.000 милионери
Токио, главниот град на Јапонија, е не само најбогатиот град во Азија, туку и еден од трите најбогати во светот. Неговото неверојатно богатство го става во ист ред со Њујорк и Сан Францискиот Залив. Како водечки деловен центар, со силен фокус на технологијата и производството, Токио привлекува огромен број милионери и милијардери.
Сместен на брегот на заливот Токио, на најголемиот јапонски остров Хоншу, градот е дом на јапонската влада и царот на Јапонија. Според податоците од 2023 година, Токио брои 14 милијардери, 250 центимилионери и дури 290.300 милионери. Со население од 37 милиони, во него се наоѓаат седиштата на гиганти како Sony, Mitsubishi, Honda и Hitachi. Повеќето од богатите жители, вклучувајќи високи извршни директори, успешни технолошки и финансиски претприемачи и богати семејства, живеат во елитни квартови како Азабу, Хиро или Минато.
Меѓу најбогатите луѓе во Јапонија се Тадаши Јанаи, основачот на модниот бренд Uniqlo, и Масајоши Сон, основачот на SoftBank. Јанаи поседува имот вреден околу 80 милиони долари во престижниот кварт Шибуја, каде што живеат многу владини службеници и познати директори.
Даиќанјама е познат по својата луксузна атмосфера, со ексклузивни бутици, тренди кафулиња и книжарници. Овој кварт ги нуди едни од најскапите недвижнини во Токио, а еден од најлуксузните имоти моментално се продава за 698 милиони јени (приближно 5 милиони долари).
Според Henley & Partners, Њујорк останува најбогатиот град во светот, со 340.000 милионери, 724 центимилионери и 58 милијардери. Како финансиски центар на САД, во него се наоѓаат најголемите берзи – NYSE и Nasdaq, а 5-та Авенија во Менхетен е една од најексклузивните улици, со цени на станови што надминуваат 24.000 долри по квадратен метар.
Сан Францискиот Залив, вклучувајќи го и Силиконската долина, брои 285.000 милионери, 629 центимилионери и 63 милијардери. Лондон, кој во 2000 година беше главен град на милионерите, денес има 258.000 милионери, 384 центимилионери и 36 милијардери, но значително падна во светските рангирања.
Rodio se pa umro-ubrzo zaboravljen.
Коментирај анонимно