Внимавај Илон! Закерберг го имаше првиот тренинг со нашиот Александар Волкановски и се сликаше за да ти покаже дека е во подобра форма од тебе

Во вторникот, шефот на Мета се фотографираше со шампионот на УФЦ во перо категорија, нашиот Александар Волкановски и двократниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања во теретана во Лејк Тахо, Невада.

 

„Нема преправање со Марк. Ова е сериозен бизнис!!“, сподели Адесанја на Инстаграм заедно со емоџи од ајкула.

Закерберг коментираше велејќи дека „чест е да тренирам со вас момци!“

Ова беше и порака до Маск, со кој треба да влезат во октагонот откако Марк го лансираше Threads конкурентот на Twitter на почетокот овој месец.

 

Минатата недела, агентот на Волкановски потврди дека на Австралиецот му се обратиле да го тренира Закерберг пред неговата ММА борба против неговиот голем технолошки ривал.

Закерберг се верува дека е голем љубител на UFC и во последните години разви пријателство со Волкановски.

„Да тој е мој другар“, рече Волкановски минатата година пред тепачката. „Добро знаев пред да се појави на УФЦ дека е голем фан. Тој го сака спортот“.

 

Па Илон подобро би било брзо да се ставиш во форма.

  • Васе напиша:

    Не е се во парите!?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Васе Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *