ВНИМАВАЈТЕ! Бугари ограбуваат на територијата на Македонија! Сакале да ограбат скопјанка за 20.000 евра, но се случил пресврт!

Во вторникот на 13.09.2022 двајца измамници К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), од Благоевград, Бугарија се обиделе со измама да ѝ земат 20.000 евра на 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе ѝ помогнеле за да не оди во затвор.

На телефон ѝ се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа при што згазила дете и доколку сака да ја спаси да не оди во затвор требало да му даде 20.000 евра. Жената била многу потресена од информацијата и во паника рекла дека дома има само 7500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот ѝ рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден. Па околу 16 часот на локација во Аеродром таа ги дала парите. Потоа наредниот ден (вчера) измамникот повторно ја контактирал по што жената се одлучила да се јави во полиција.

За среќа по добиената пријава, брзо се презеле соодветни мерки за да се приведат измамниците. Тие ѝ кажале на жената како да постапува. Таа го договорила К.О.И. да му ги предаде парите некаде во Центар, тие се сретнале и таа му ги дала парите. Потоа тој бил уапсен. Но веднаш потоа е приведена и  Г.Е.М. негова соучесничка која го чекала во ресторан во близина на местото.

Кај измамниците се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дека. И по службен разговор К.О.И го признал делото и исто така признал дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Чкорче напиша:

    Тие цела историја, народ, фолклор и територија ни украдија, ќе се правиме цигани сеа за 20к евреи…

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на detroit Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *