Внимавајте на овие тестови при вработување доколку сте кандидатот: Дали би седеле на разнишано столче цело интервју или би си ја измиле чашата од кафето?
Има толку многу начини на кои интервјуерите можат да се обидат да ве „сопнат“, а се зависи од тоа како ќе се справите вие со нив.
Поранешниот извршен директор на „Apple“, Стив Џобс, наводно ги носел кандидатите на пиво за да види како тие комуницираат, што веројатно станувало прилично искрено по неколку тури. Но, се чини дека некои регрутери ќе додадат дополнителни елементи за да видат како ќе реагираат нивните кандидати, а методите не се типично канцелариско однесување. Оваа техника на интервјуирање звучи како нешто што би очекувале да го сретнете при психолошки стрес тест, за да видите како апликантите може да се справат со притисок.

Овој метод вклучува намерно седење на кандидатот на стол што се ниша, односно столче што е малку расипано. Тоа е прилично чудно, но прочитајте го објаснувањето за тоа.
Идејата зад оваа неортодоксна стратегија е да се види дали се доволно „храбри“ за да побараат од интервјуерот замена за столче. Еден човек изјави за „The Mirror US“: „Мојот брат беше во „ROTC“ на колеџ и ми ја кажа оваа приказна. Апликантот на „ROTC“ училиштето за нуклеарна енергија ќе седне на столот пред бирото на службеникот што го интервјуира за време на интервјуто. Имало второ/слично столче во просторијата достапно за апликантот. Успешниот тест бил да се види дали апликантот ќе биде доволно храбар да го прекине интервјуто за момент – да побара да го замени своето столче, за второ/друго столче“.

За среќа, малку е веројатно дека некогаш ќе треба да поминеме низ ова, но тоа не е единствениот метод што се готви во „кујната за регрутирање“.
Дали сте слушнале за тестот со шолја кафе ?
Ова е кога луѓето им нудат на кандидатите шолја чај или кафе. Ако прифатат, тогаш тестот е да се види дали апликантот ја враќа чашата во кујната за да ја измие или дали ја остава на некој друг да се грижи за неа.

Глупости. Ова се толку надминати и отрцани фазони кои никој на западот повеќе не ги ни споменува. Да, ќе си го намести столчето и ќе си ја измие шољата и…демек ќе го вработат поради тоа, а после…појма нема од она што треба да го работи. Сега на западот, важи правилото ПОКАЖИ МИ ШТО ЗНАЕШ НА ДЕЛО И ТОА СЕГА И ТУКА. Финтите како цврсто стегање на раката при поздравувањето, цело време гледање право во очите на соговорникот и слични глупости не „играат“ повеќе на пазарот на работната сила. Моментално единствено се бара квалитет и стручност. Така да, овие урбани легенди оставете ги за децата во градинките.
Коментирај анонимно