Во 2013 година на сите им кажа да си купат Биткоин, но никој не му веруваше: Извонредниот живот на „лудиот“ Давинчи Жереми, откако се збогати благодарение на криптовалути
Давинчи Жереми е човекот кој со право може да се прошета во маица со натписот „Јас ви реков“. Овој инвеститор од Чиле пред повеќе од една деценија ги повикуваше луѓето да купат Биткоин за само еден долар, потег кој ќе им донесеше огромна добивка доколку го послушале.
Во 2013 година, Жереми на „YouTube“ објави видео во кое ги охрабруваше своите следбеници да вложат симболична сума во криптовалутата, нарекувајќи ја „шанса за милионерски живот по цена на лото тикет“.
„Тоа е само еден долар, земете Биткоини“, рече тој во снимката, додавајќи: „Ако пропадне, не е важно, изгубивте само долар. Но ако сум во право, сакам сите да ми се заблагодарите“.
Кога ја даде оваа прогноза, Биткоинот вредеше 116,75 долари. Денес, неговата вредност надминува 70.000 долари, правејќи ги многумина кои вложиле навреме многу богати. Жереми е еден од тие луѓе.
Денес живее живот полн со луксуз, патувајќи низ Монте Карло и Дубаи, додека со самодоверба носи својата „Јас ви реков“ маица. Неговиот профил на Instagram е преполн со слики од приватни јахти, авиони и скапи автомобили, а и натаму активно промовира криптовалути.
Не пропушта да потсети дека токму тој ја предвиде растечката вредност на Биткоинот – неговите биографии на X и Instagram јасно го истакнуваат неговото предвидување: „Ви реков да купите #Bitcoin за 1$ во 2011. Не ја пропуштајте шансата повторно!“
Во интервју за Coin Telegraph во 2023 година, Жереми се осврна на тоа како неговите предупредувања останале неслушнати. „Повремено се појавува нешто што ги прави сиромашните богати, затоа што го добиле по многу ниска цена“, изјави тој. „Мислев дека ќе бидам херој во мојата заедница, но тие мислеа дека сум луд“.
Коментирај анонимно