Во Америка се крадело повеќе отколку кај нас: Маск откри дека 4,7 трилиони долари од Министерството за финансии отишле некаде, кадешто никој досега не знае
Одделот за владина ефикасност (DOGE), предводен од Илон Маск, откри 4,7 трилиони долари во неидентификувани исплати на американското Министерство за финансии. Проблемот бил во тоа што полињата за финансиско следење биле оставени празни, што ја правело трасата на парите речиси невидлива. DOGE објави дека ова поле сега е задолжително, со што се зголемува транспарентноста.
Маск бара и пристап до доверливи системи на даночната служба (IRS), вклучувајќи го базата на податоци IDRS, што предизвика загриженост поради потенцијална злоупотреба на лични финансиски податоци. Критичарите ова го сметаат за преголема интервенција, додека администрацијата на Трамп го брани потегот како мерка за елиминирање на финансиски малверзации.
Покрај ова, DOGE започна со прочистување на Федералната агенција за авијација, отпуштајќи стотици вработени. Исто така, соработува со Министерството за домување за подобрување на буџетското управување, тврдејќи дека досега пронашле и вратиле 1,9 милијарди долари погрешно распределени средства.
Маск исто така објави дека во базата на социјално осигурување има милиони луѓе регистрирани како живи, иако нивната возраст е нереална – некои дури и над 360 години. DOGE тврди дека ова би можело да биде најголемата финансиска измама во историјата и ветува дека ќе истражи како овие исплати се направени.
Според извештаите, DOGE досега заштедил околу 55 милијарди долари за даночните обврзници преку идентификација на измами, раскинување на договори и намалување на административните трошоци. Одделот планира редовно да ги објавува податоците за заштедените средства, со целосна транспарентност.
B R A V O
Nee samo tamu niz cel svet nese znae kolku pari se ukradeni dobro e sto dojde adminastricijata na tramp gi otkri da usaid e perionica na pari za se od droga do oruzje do urivanje na drzavu
Коментирај анонимно