Во Италија се водат мафијашки „војни“ за маслиново масло – се краде, демне и напаѓа, откако неговата цена драстично порасна

Мафијашки групи се обидуваат да го преземат пазарот на маслиново масло, откако неговата цена достигна 17 долари за литар поради суши и високи производствени трошоци. Во италијанската област Пулија, која произведува 40% од маслиновото масло во земјата, производителите се принудени да го штитат маслото како „зелено злато“.

Во еден од најдраматичните случаи, пет маскирани напаѓачи нападнале возач на камион, му се заканиле со оружје и украле масло вредно 350.000 долари. Организацијата на фармери Coldiretti повикува на поставување GPS уреди на резервоарите, хеликоптерски надзор и полициска придружба при транспорт.

 

Во Италија се водат мафијашки „војни“ за маслиново масло - се краде, демне и напаѓа, откако неговата цена драстично порасна

„Зеленото злато“ под закана од мафијата

Директорот Пјетро Пичони изјави дека маслинките мора да се чуваат како дијаманти, бидејќи крадци ги напаѓаат нивите и ги демнат транспортерите на масло. Мелниците сега мора да ја известат полицијата пред да пуштат камиони со екстра девствено масло.

Според социологот и експерт за мафија Леонардо Палмисано, мафијата во Пулија ангажира странски криминалци да ги извршат кражбите, а украденото масло веднаш се пласира на пазарот преку легитимни компании под мафијашка контрола.

Криминалците користат дури и чекани за да оштетат маслинови дрвја, предупредува Никола Ди Ноја од италијанскиот конзорциум Uniprol. Тој вели дека земјоделството, како секоја друга профитабилна дејност, привлекува криминал, и дека мафијата нема морални пречки – денес крадат дрога, утре сирење, а потоа масло.

 

„Зеленото злато“ под закана од мафијата

  • Milos напиша:

    Edno vreme u YU krade vazelini osobeni sipcite u okolina na Pidujevo postara generacija se sekava na ovie slucai

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *