Во Кавадарци и околината лозарите ги сечат лозите за да изразат револт кон откупувачите

Во Тиквешијата расте револтот кај лозарите поради проблемите со откупот на грозјето, особено на сортата вранец. За годинава се утврдени откупни цени од 21,8 денари за килограм вранец и 20 денари за смедеревка, а Владата обезбеди и над 10 милиони евра кредитна линија, од кои околу 553 милиони денари се наменети за навремен откуп на вранец. Сепак, дел од лозарите стравуваат дека винариите нема да ги преземат сите количини и дека родот ќе им остане необран, па на социјалните мрежи се појавија снимки од Кавадарци и околината на кои лозари во знак на револт ги сечат лозите.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *