Во Пехчево нема луѓе ама затоа има богата „агрокултура“

Во понеделникот на 01.09.2022 полициски службеници откриле дека некој на големо се спремал за почетокот на новата учебна година во пехчевското село Негрево. Пронајдени се 319 стебла канабис.

Екипа на Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Берово извршила увид на местото и стеблата биле подигнати за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *