Во САД мајка на две деца претепана, избодена и жива закопана од сопругот, поминала 12 часа под земја и преживеала

Че Ген Ан (54) од државата Вашингтон бил уапсен во 2022 година. Тој брутално ја претепал и ја избодел сопругата. Жената успеала да повика полиција користејќи го својот паметен часовник, пред нејзиниот сопруг да ја врзе со селотејп, да ја натовари во автомобил и да ја одвезе во шумата. Таму ја закопал во плитка дупка и си заминал. Жената поминала 12 часа во земја, но чудесно преживеала и успеала да излезе.

Деновиве се одвиваше судењето. Мажот се изјасни за виновен за обид за убиство. Неговиот адвокат рече дека тој страдал од посттрауматско стресно растројство и земал „премногу лекови“ кои влијаеле на неговото однесување. Во исто време, самиот обвинет рече дека „секој ден се буди со чувство на жалење и покајание“.

На судењето жртвата изјавила дека таа и нејзините деца сè уште живеат во состојба на постојан страв. Жената додала и дека сопругот и нанел психичка и физичка траума, кои ќе мора да ги трпи до крајот на животот.

Во петокот, судот го осуди Ан на 13 години затвор и му забрани да комуницира со сопругата и децата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *