Во три чекори до блескави бели патики – Австралиска фитнес ѕвезда сподели едноставен процес за валканите бели патики да изгледаат како нови

Австралиска фитнес ѕвезда и мајка на пет деца сподели едноставен процес во три чекори за чистење на валканите бели патики.

Шонтел Данкан, од Бризбејн, користела 4 долари сапун „Sard Wonder“ и детергент за перење „Vanish Gold Crystal White“ – нејзините патики да изгледаат сосема нови. Брзиот и лесен процес 33-годишната мајка, го демонстрираше во видео објавено на Инстаграм.

Скролајте надолу за видео

Во видеото, Шонтел почна со ставање на чевлите во мијалникот за перење алишта и го намокри сапунот пред да го намачка на патиките.

„Оттаму ќе ги масирате, јас не ги ни извадив врвките, јас сум толку мрзлива“, рече таа.

Но, Шонтел увери дека процесот функционира „секогаш“. Откако патиките беа намачкани со сапун, таа ги пикна во машината за перење.

„Додавам Vanish прав, а потоа ја пуштам на деликатен циклус“, рече таа.

 

Некои можеби ќе одлучат да ги стават чевлите во кеса за перење за да ги заштитат чевлите додека се во машина за перење, но Шонтел не го прави тоа. Откако циклусот на перење заврши, мајката ги стави чевлите на сонце да се исушат и тие изгледаа блескаво нови.

 

  • Sasho напиша:

    28 sekunda, momentot koga gi stava vo masina za perenje, patikite se beli kako sneg…taa gi ima iscisteno pred i da gi pikne vo masinata

  • Daniel напиша:

    Јас цел живот во машина ги перам ништо чудно или нерало НОРМАЛНО пак уште се снимала

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *