Во Велика Британија сѐ повеќе девојчиња влегуваат во пубертет на 4 години! Причините за оваа состојба не се ни малку наивни…

Рекорден број на млади девојки прерано влегуваат во пубертет – со некои на возраст од четири години, а експертите ја обвинуваат дебелината како клучен фактор за ова.

Новите податоци покажуваат дека бројот на пати кога девојчиња кои биле прегледани во болница, поради случаи на „предвремен пубертет“ се зголемил на 2.032 минатата година, од 1.510 претходно во Велика Британија.

 

 

 

Од нив, 79 деца не го достигнале ни петтиот роденден, покажаа податоците од болницата на „NHS Digital“.
Експертите велат дека порастот од 35 отсто може да се должи на дебелината, бидејќи постои „јасна врска“ помеѓу неа и прераното започнување на пубертетот.

Д-р Табита Рандел, претседател на Британското здружение за ендокринологија и дијабетес, изјави за „Експрес“: „Веќе многу години постои јасна врска со зголеменото ниво на дебелина и раниот пубертет. Созревањето на млада возраст може да биде исклучително тешко за децата, кои често не се емоционално подготвени за физичките промени кои доаѓаат со пубертетот“.

Просечната возраст за девојчињата да започнат пубертет е 11 години – но нормално е тој да започне во која било точка на возраст од осум до 13 години. Предвремениот пубертет понекогаш може да биде предизвикан од генетски фактори, проблем во мозокот – како што е тумор или проблем со јајниците или тироидната жлезда.

Може да се лекува со таргетирање на основната причина или започнување со лекови за контрола на нивото на хормоните и за да се одложи развојот.

Бројот на момчиња кои рано го достигнале пубертетот бил многу поредок, само во еден од девет случаи.

Студијата спроведена од Националната програма за мерење на децата со „NHS Digital“ во 2021 година го откри најголемиот пораст на дебелина кај учениците од почетокот на евиденцијата.
Студијата покажала дека преваленцата на дебелина кај четири и петгодишни деца се зголемила од 9,9 отсто во 2019-2020 година на 14,4 отсто во 2020-2021 година.
Процентот на сите деца кои биле или со прекумерна тежина или дебели бил 27,7 отсто низ целата земја.

 

 

Д-р Мохамад Магни, кој ја предводеше студијата од Универзитетот во Џенова и Институтот Џанина Гаслини во Италија, рече: „Улогата на стресот, социјалната изолација, зголемените конфликти меѓу родителите, економскиот статус и зголемената употреба на средства за дезинфекција на раце и површини претставуваат потенцијално дополнителни интересни хипотези за тоа зошто раниот пубертет се зголемува кај младите. Постои интересна еволутивна хипотеза дека, кога девојчињата се многу под стрес, тие имаат рана менструација со цел да се репродуцираат и да ја заштитат иднината на видот“:

Децата обично влегуваат во пубертет порано отколку во минатото, бидејќи стапките на дебелина се повисоки, а имањето премногу маснотии може да ги наруши хормоните кои одредуваат кога детето ќе стане тинејџер.

Првиот знак за пубертет кај девојчињата е обично развивање на градите, проследено со нивната прва менструација и добивање влакна на места како што не биле порано, како што се пазувите и срамната површина. Може да се појават и акни и непријатен мирис на телото.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *