Во виното е вистината, а и СПАСОТ: 38 годишната Кетрин Мекфи јас откри тајната за одржување на бракот со 73 годишниот сопруг Дејвид Фостер. Можеби по чаша вино ѝ изгледа сопругот помлад?

Кетрин Мекфи откри дека чашата вино е тајната за одржување на искрата во бракот со Дејвид Фостер.

Актерката (38), која се омажи со продуцентот Фостер (73) во 2019 година, вели дека парот ќе одвои време да се „поврзат“ еден со друг на редовна основа, во претстојниот период.

 

Таа изјави: „Јас ќе се напијам чаша вино, иако тој не пие и само си разговараме. Тоа е нашето време заедно кое секогаш се грижиме да го имаме..“
Двојката се родители на синот Рени, кој е роден во февруари 2021 година, а Кетрин додава дека нивното дете ја формира основата на многу од нивните разговори. Ѕвездата додаде дека парот „обожава да оди на кино или да вечера заедно“, велејќи: „Нема ништо екстравагантно во тоа што сакаме да го правиме“.

 

Двојката, која првпат се сретна во 2006 година на „Американскиот идол“, сега се подготвува за објавување на празничен албум, насловен „Божиќни песни“.

Дејвид неодамна изјави дека не се сомнева дека ќе дочека бебе во неговите 70-ти со неговата петта сопруга Кетрин. Тој изјави за „People“ сака што ќе стане татко повторно на негова возраст и дека тоа „не е ништо страшно“, тој очекува: „Не зажалив ниту еден ден за тоа“.

Во текот на петте брака, Дејвид добил шест деца – Алисон, 52, Ејми, 49, Сара, 41, Ерин, 40, Џордан, 36 и Рени, 1. Кетрин и Дејвид привлекоа големо внимание поради нивната разлика во годините, која е толку голема што таа е помлада од четири негови ќерки.

Дејвид и Кетрин се запознале во 2006 година кога тој служел како ментор на група натпреварувачи, вклучувајќи ја и неа на „Американскиот идол“.

 

Тие „останале пријатели во текот на сите овие години“, вели Кетрин – иако за тоа време секој од нив поминал низ брак и развод поединечно.
Дејвид признава: „Но, се разбира, беше чудно на почетокот. Но, мислам дека сега ја надминавме таа бариера затоа што веќе пет години сме заедно и се надевам дека луѓето едноставно ќе почнат да го разбираат тоа“.

Кетрин на ова се надоврзува: „Дури и да не го прават тоа, не ни е грижа. Ние едноставно ја сакаме нашата историја, како се запознавме и каде сме сега. Понекогаш се гледаме како „Ова е толку лудо што сме заедно“.

 

Тие го дадоа своето интервју за да го промовираат нејзиниот нов божиќен албум, за кој Кетрин се пошегува дека го „наместила“ Дејвид да го продуцира.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.