Волкот, лисицата и зајакот (виц)

Волкот и лисицата го фатиле зајакот. Тој почнал да ги моли:
– Не ме јадете!!! Имам семејство, деца… итн. итн.
Лисицата му рекла:
– Замолчи бе! Нема да те јадеме, сега се собравме за пиење, ти ќе се вклучиш ли?
– Уф!!!… Да, се разбира!
– Тогаш еве ти пари, земи ја торбата и трк до продавницата по пиво!
Зајакот целиот среќен отрчал до продавницата, а волкот ѝ рекол на лисицата:
– Леле Лисо, па ти навистина си била многу итра. Да го испратиш мезето да ни го донесе пиењето!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *