Возач на автобус во Шведска изгуби свест среде возење, а автобусот со 50 патници продолжи да се движи – двајца патници спречија трагедија
Автобус со околу 50 патници се движел по државниот пат 40 во близина на Ботнарид, недалеку од Јеншепинг во Шведска, кога возачот ненадејно изгубил свест. Патничката Марија Јелте прва забележала дека нешто не е во ред и се стрчала кон возачкото место, а потоа ѝ помогнал и 29-годишниот Ниранџан Нитјанандам. Двајцата го презеле управувањето додека автобусот сè уште се движел и на крај успеале да го запрат, откако возилото неколкупати удрило во средишната ограда.
Најлудиот детал е што Ниранџан воопшто нема возачка дозвола. Тој се враќал дома во Транос од музичкиот фестивал Way Out West во Гетеборг кога слушнал повик за помош и реагирал инстинктивно. Марија подоцна изјавила дека не го смета тоа за херојство, туку дека реагирала по инстинкт.
Ниту еден од патниците не бил физички повреден. Возачот бил пренесен во болница, а шведската полиција соопштила дека инцидентот бил предизвикан од ненадејна здравствена состојба и дека нема сомнение за сообраќаен прекршок. Настанот, сепак, предизвикал километарски колони на патот.

Коментирај анонимно