Вработен кој случајно бил платен 330 пати повеќе од неговата плата, најде начин како да ѝ врати на фирмата за „добрината“
Канцелариски работник кој станал милионер кога неговиот работодавец случајно му платил 330 пати повеќе од неговата плата не бил толку воодушевен кога требало парите да се вратат.
Неименуваниот вработен за човечки ресурси во чилеанскиот гигант за замрзната храна Cial ненамерно добил 165 милиони пезоси (150.000 фунти) на 30 мај.

Тој очекуваше неговиот платен пакет за месецот да биде околу 500.000 пезоси (450 фунти). Откако му кажал на неговиот менаџер што се случило, му било советувано да оди во банка следното утро за да ја врати готовината лично. Но, компанијата тврди дека тој никогаш не се појавил.

Фирмата сега го тужи поранешниот вработен да си ги врати парите. Работникот за човечки ресурси тврдел дека се успал, праќајќи пораки на својот шеф во 11 часот за да каже дека ќе ја изврши задачата подоцна.
Сепак, Cial не слушнале ниту збор до 2 јуни – кога работникот поднел оставка преку адвокат. Во правната постапка на Циал се вели: „Тој беше информиран и појасни дека овие пари не одговараат на плаќање на ниту една услуга“, според чилеанскиот весник DF Mas.

Фирмата тврди дека исчезнувањето на поранешниот вработен е незаконско присвојување. Основана пред повеќе од 50 години, Cial ги поседува брендовите La Preferida, San Jorge и Winter. Специјализирана е за филета и се опишува себеси како „лидери на пазарот на големо“.

Коментирај анонимно