За малку немало да уплати ливче, а потоа освоил неверојатни 120 милиони евра

Еден 35-годишен маж од околината на Дизелдорф во Германија преку ноќ станал мултимилионер, и тоа благодарение на одлука што ја донел буквално во последен момент. Иако првично немал намера да игра на лотарија, сепак се предомислил и уплатил ливче кое му донело неверојатни 120 милиони евра. Со тоа станал единствениот добитник на главната награда на Евроџекпот, освојувајќи ја најголемата можна сума на оваа лотарија.

За малку немало да уплати ливче, а потоа освоил неверојатни 120 милиони евра

За малку ќе ја пропуштел шансата што му го променила животот

Според онлајн-лотаријата „Лото24“, мажот повремено играл Евроџекпот, но никогаш претходно не освоил поголема сума. Само неколку дена пред историската добивка, во петокот, освоил скромни 10 евра.
За извлекувањето во вторник воопшто не планирал да учествува. Сепак, во последен момент се предомислил и уплатил ливче во вредност од 36,80 евра, повторно избирајќи ги истите броеви од претходното извлекување.
Среќната комбинација била 11, 17, 20, 22 и 35, со дополнителните евроброеви 4 и 8. Токму овие броеви биле извлечени во Хелсинки, носејќи му ја неверојатната добивка.

За малку ќе ја пропуштел шансата што му го променила животот

Известување на телефонот му го променило животот

Веднаш по извлекувањето, добитникот добил известување преку апликацијата на „Лото24“. Набргу потоа му се јавил и специјално обучен вработен од компанијата за лично да му ја соопшти веста.
Според портпаролот, 35-годишникот бил толку шокиран што едвај успеал да најде зборови.
Освоените 120 милиони евра треба да му бидат префрлени на банкарската сметка во наредните неколку недели.

За да ги собере парите во готовина, би му биле потребни 24 куфери

Колку навистина се 120 милиони евра? Според пресметките на германскиот приредувач на лотаријата „Вестлото“, доколку целата добивка му биде исплатена во банкноти од 100 евра, за нивно пренесување би биле потребни дури 24 големи патни куфери.
Од „Лото24“ објаснуваат дека исплатата на толку голема сума бара посебна подготовка, дури и за банката што треба да ги прими парите.
Добитникот ќе добие и стручна помош за управување со богатството. Првиот совет што му го дале бил внимателно да размисли кому ќе му открие дека станал мултимилионер.

Уште седуммина биле на чекор од главната награда

На истото извлекување, уште седум учесници биле неверојатно блиску до освојување на главната добивка. Им недостигал само еден точен дополнителен број, но сепак секој од нив освоил речиси три милиони евра. Двајца од овие добитници се од Германија.
Инаку, шансите за освојување на главната награда на Евроџекпот се приближно еден спрема 140 милиони. Во лотаријата учествуваат играчи од 19 европски земји, а за главната добивка потребно е да се погодат пет броеви од 1 до 50 и два дополнителни броја од 1 до 12.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *