За ова ли ѝ служи Македонија на Европа? Зошто земјата нѝ стана ДЕПОНИЈА на комшиите како Косово, Србија и Албанија, па уште и се чудиме од каде загаденоста?!

Минатата година, Македонија увезла значителни количини неопасен отпад од ЕУ и регионот, вклучувајќи метали, катализатори, хартија, масла и пластика. Според податоците на Министерството за животна средина, најголемиот дел од металите пристигнале од Бугарија, Косово, Србија и Швајцарија, а значајни количини алуминиум, олово и бакар се увезени од Италија, Босна и Кина.

 

 

 

Македонија со години увезува повеќе отпад отколку што произведува. Од 2012 до 2014 година биле увезени над осум милиони тони отпад, додека домашниот комунален отпад изнесува околу 856.000 тони годишно. Во услови на енормна загаденост, јавноста реагираше на информацијата дека земјата е меѓу 24 држави што побарале дозвола за увоз на отпад и по стапувањето на новите регулативи на ЕУ.

 

 

Од 2027 година, ЕУ ќе воведе построги правила за извоз на неопасен отпад, забранувајќи го за земји што не се членки на ОЕЦД, освен ако не докажат капацитет за еколошка обработка. Македонија побара да увезува 18 видови отпад, главно метали, масло, хартија и стакло, но Европската комисија допрва треба да одлучи дали ги исполнува критериумите.

Загриженоста расте и поради нелегалното складирање и согорување на отпад. Во с. Орман неодамна беше пронајдена оловна згура од обработка на батерии, што поттикна реакции од инспекциските органи. Стручњаците предупредуваат дека во Македонија честопати не се почитуваат еколошките стандарди, што ја зголемува опасноста од загадување.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!