Забавно или бизарно? Двајца Колумбијци си ставиле импланти на ГРАДИТЕ, поради облог!

Колумбискиот блогер и модел Еферсон Косио се обложил со својот зет Џоан Лопез, поради што и двајцата добиле силиконски импланти во градите.
Така, момците се обложиле дека ако Косио добие три милиони претплатници во одредено време, Лопез ќе оди на операција за зголемување на градите. Ако Еферсон не го постигне резултатот, тогаш тој ќе направи гради.

 

 

И покрај тоа што на крајот Лопез загубил, Косио во знак на „солидарност“ со својот несреќен зет направил зголемување на градите.

„Не го изгубив облогот: „Правам гради за забава и за една недела ќе се ослободам од тоа. Дали знаете некој што решава посериозни проблеми од мене на „Инстаграм“? Дали можете да ставите силикони само за забава? Велам да на сè!“, напиша Еферсон.

Косио останал со имплантите осум дена и ги отстранил на 10 март. Момците успеаја да се фотографираат заедно и предизвикаа бран на дискусии. Многу корисници овој чин го сфатија како шега, додека други ја критикуваа таквата „забава“.

  • Чкорче напиша:

    На следниот облог нека си стават мозок.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *