Забните импланти ме претворија во чудовиште: Манекенката проговори за своето страшно искуство

Џесика Мако тврди дека и покрај предупредувањата на лекарите за можни модринки, не очекувала дека болката ќе биде толку „силна“ или дека модрината ќе биде толку видлива.

Манекенката Џесика Мачко (44) од Сан Антонио, Тексас, се пожалила на „вознемирувачка“ болка бидејќи нарушувањето во исхраната кое го имала кога била помлада и ги „уништило“ сите заби.

Во април жената одлучила да стави 4 забни импланти за да ги замени „лабавите, расипани, извадени или искривени заби“.

Само четири дена по процедурата, Џесика објави видео од нејзиното лице и изјави дека изгледа како „чудовиште“ и ги замоли другите за совет доколку некогаш имале слична реакција на процедурата.

“Лекарите рекоа дека ќе имам модринки. Еден ден откако ги ставив имплантите, моето лице стана многу отечено, а следниот ден почнаа модринките. Бев многу исплашена. Секој час стануваше се полошо и полошо. Ми се чинеше дека моето лице беше тест на Роршах, како дамки од мастило.

„Мојот совет до другите кои размислуваат за забни импланти е дека тоа е одлична опција, им помага на многу луѓе и дефинитивно би го препорачала, а дека мојот случај беше едноставно уникатен, 100% ја препорачувам операцијата“, сепак на крај заклучи Џесика.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • N. напиша:

    Lakom gas 2 stapa krka …
    Sama si go barase …

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *