Загатка вредна 5000 евра: Кој е авторот на џиновското уметничко дело кое се наоѓа во Австралија, но може да се види само од Вселената?

5000 евра е сумата што ја нуди деловниот претприемач Дик Смит за да се открие кој стои зад уметничкото дело кое покажува домороден ловец како фрла бумеранг или копје во Јужна Австралија, околу 700 километри северно од Аделаида.

Контурата на уметничкото дело е долга 28 километри и е широка приближно 45 метри и длабока 35 сантиметри во пустината.

„НАСА“ објавни снимки од вселената од ова уметничко дело во 2020 година.

Од нивото на земјата, таа е преголема за да се сфати и беше идентификувана само како една скица од човек.

Смит кој прв пат го видел ова дело, летајќи со авион во 2016 година, останал вчудоневиден кога сфатил дека никој од околното население не бил запознаен со овој феномен. Веројатно затоа што „човекот“ е многу голем и тешко може да се забележи доколку сте на земја.

„Беше навистина забележливо, па помислив дека во тоа време сите сигурно знаеле за него – тоа беше толку очигледно“.

„Кога се вративме во местото Мари, се разбира, тоа не беше случај. Никој не знаеше ништо за тоа“.

Потоа анонимни факсови биле испраќани до бизнисите во Мари и до медиумите во Австралија. Неколку дена подоцна, властите откриле американско знаме во близина на „Човекот Мари“ и белешка во која се споменува озлогласениот американски култ на „Бранч Давидијците“.

Подоцнежниот факс велел дека има посветена плоча што била закопана блиску до носот на „Човекот Мари“.

Следејќи ги упатствата на факсот, властите ја ископале плочата заедно со американското знаме и нешто што изгледало како олимписки прстени.
Двајца локални уметници биле „осомничени“ дека стојат зад „Човекот Мари“, но тие негирале. Еден од нив е починатион Бардиус Голдберг.

Веќе 18 години луѓето ширум светот се обидуваат да откријат кој го направил „Човекот Мари“, но уште никој ништо не знае или не открива.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *