Законот во Калифорнија забранува Илон Маск да му го даде забеганото име на неговиот син
Светот ја доби веста дека Илон Маск стана татко по 6-ти пат, откако неговата 16 години помлада девојка му роди син, а повеќе за тоа можете да прочитате тука.
Додека на почетокот сите мислеа дека Маск се шегува кога го даде одговорот за тоа како ќе се вика новиот член на семејството излезе дека тој и неговата девојка Гримс се прилично сериозни.
Парот изјави дека нивниот син ќе се вика „X Æ A-12“ и светот остана шокиран од бесмисленоста на името, додека младата мајка изјавила дека ова е „авангарда“. Гримс дури и се обиде да објасни што значи името на детето: „X, непознатата променлива, Æ, моето необично пишување на Ai (љубов и / или вештачка интелигенција), А-12 = претходник на СР-17 (нашиот омилен авион). Нема оружје, нема одбрана, само брзина. Одличен во битка, но ненасилен 🤍
+ (А = Архангел, мојата омилена песна)“
Маск подоцна направил корекција на твитот на неговата партнерка, пишувајќи: „СР-71, но да“, иако ниту еден родител не открил како ќе се изговара името.
Сепак правните лица велат дека како вакво името на бебето не може да биде прифатено. Адвокатот Дејвид Глас вели: „Во Калифорнија, можете да користите ’26 карактери’ на англискиот јазик во името на вашето бебе. Така, не можете да имате броеви, римски броеви, акценти или други симболи или емотикони. Иако се прифаќа апостроф, за име како О’Конор.“
Секако ова име може да е необицијално на детето, но сепак според законот детето ќе треба да добие „нормално име“.