Замислете ви се случи ова додека сте сами! Човек се преплашил откако слушнал гласови од неговиот ИСКЛУЧЕН вентилатор, но има логично објаснување и секому може да му се случи

Натприрордните работи ги оставаме за филмовите, но сепак кога ќе ни се случат чудни работи веднаш помислуваме на нешто такво.

Така и овој дечко кој останал преплашен од неговиот електричен вентилатор откако слушнал како гласови доаѓаат од него.

 

„Океј, всушност во моментов сум многу исплашен. Снема струја, не само кај мене, туку и во целиот наш блок, само јас сум во куќата. Дојде струја за еден час и не беше ништо страшно.

Кога дојде струјата почнав да ги вклучувам сите работи. Ние имаме и три електрични вентилатори затоа што иако е зима, во станот е премногу топло. Па стигнав да ги вклучам и нив, ги вклучив првите два и кога стигнав до третиот СЛУШНАВ ГЛАСОВИ ОД НЕГО!

Звучеше како ток-шоу. Како да можевте да слушнете како луѓето зборуваат. Имајте предвид, сето ова доаѓа од мојот вентилатор кој не беше вклучен, дали го спомнав тоа? Вентилаторот беше вклучен во струја, но никогаш не го притиснав копчето за вклучување а од него се слушаа луѓе а на моменти и музика.

Уште пострашно е дека и кога го исклучив вентилаторот се уште е слушаа гласовите. Некое објаснување ве молам!“

 

 

Многу корисници сугерираа дека можеби тој слуша нешто во белиот шум и го претвора во гласови. Но, тоа всушност беше нешто малку почудно.

Излезе дека вентилаторот ги фатил радио брановите од блискиот предавател.

Многу метални предмети во куќата можат да земат радио сигнали. Сè, од намотките во рамката на вашиот кревет до алуминиумската фолија. Иако сигналите минуваат низ нив, сепак, не е често тие да се доволно засилени за да бидат звучни.

Но, ако сте доволно блиску до антена, електромагнетното поле може да биде доволно силно за да осцилира на фреквенцијата на предавателот. Ако вибрира доволно силно, како металните делови во основата на вентилаторот, може да направи доволно силен звук за да можете да го слушнете.

За време на Втората светска војна, сојузничките трупи користеле слични методи (намерно) за да слушаат радио додека биле во Италија. Германските сили можеле да детектираат локални осцилатори (дел во радио кое се користи за избирање фреквенции), па затоа направиле свои радија користејќи метали како што се жилет, клинци и олово од молив како детектори.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *