Запознајте го Франкенхрчакот: Научниците создадоа бизарно „растение-животно“ спојувајќи ДНК од хрчак и алги

Идејата за суштество кое е делумно хрчак, а делумно алга звучи како нешто создадено во морничавата лабораторија на д-р Франкенштајн. Но, тоа стана научна реалност во Јапонија, каде што истражувачите успешно создадоа хибридни клетки наречени „растенија-животни“ или планимали.
Овие клетки се развиени со директно спојување на генетски материјал од цицач, односно хрчак, и примитивна едноклеточна црвена алга. Експериментот отвора прашање што до неодамна звучеше како научна фантастика: колку далеку може да оди генетиката кога границата меѓу растително и животинско потекло ќе се помести во една единствена клетка.

Запознајте го Франкенхрчакот: Научниците создадоа бизарно „растение-животно“ спојувајќи ДНК од хрчак и алги

Професорот Сачихиро Мацунага вели дека хромозомите на алгата и цицачот се пренесувале стабилно

„Растенијата и животните не можат природно да се размножуваат меѓу себе, па нивните хромозоми никогаш не се комбинираат по природен пат“, објаснува професорот Сачихиро Мацунага од Универзитетот во Токио, главен автор на студијата. „Сепак, ние успеавме да создадеме хибридни хромозоми кои содржат генетски материјал и од алга и од цицач, и покажавме дека овој материјал може стабилно да се пренесува на новите клетки низ повторени клеточни делби. Нашите хибридни клетки задржаа речиси цел геном на алгата низ многу генерации.“
Во студијата, објавена во престижното списание „Nature Communications“, тимот сакал да открие дали животинските клетки можат стабилно да одржуваат и пренесуваат толку далечен генетски материјал без да ја изгубат способноста за преживување и размножување. Тоа не е само лабораториска необичност, туку прашање што допира до самата основа на еволуцијата: како гените можат да ги преминат границите меѓу видовите.

Професорот Сачихиро Мацунага вели дека хромозомите на алгата и цицачот се пренесувале стабилно

По повеќе од 150 клеточни делби, 96 проценти од гените на алгата останале тивки

Истражувачите испробале два патишта за создавање на необичните хибриди: фузија на фотосинтетски клетки од алга со клетки од хрчак и поттикнување на клетките од цицачот да ги „проголтаат“ алгите. Директното клеточно спојување се покажало значително поефикасно.
Со снимање на живи клетки и целосно секвенционирање на геномот, тимот утврдил дека ДНК од алгата се пренесувала стабилно низ долга низа последователни делби. Но, најголемиот дел од пренесените гени не се активирале. Тоа покажува дека клетките на цицачот вклучиле посебен биолошки заштитен механизам, потиснувајќи туѓи гени за да го зачуваат сопствениот опстанок.
Следниот предизвик е научниците селективно да ги активираат само гените што им се потребни. „Црвената алга што ја користиме има исклучително компактен геном со метаболички функции што животинските клетки ги немаат. Нашата крајна цел е да им дадеме на животинските ткива дел од уникатните способности на растенијата – на пример, животински клетки кои со помош на фотосинтеза би произведувале кислород и органски материи за потребите на медицината и трансплантацијата на органи“, заклучува професорот Мацунага.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *