Запознајте го Сесил, американското куче кое им ИЗЕДЕ 4000 долари на своите сопственици
Јасно е дека е подобро да не оставате парче месо или друга вкусна храна на масата кога треба да заминете, а вашето куче е дома. Но, тоа воопшто не било проблем со американското куче Сесил, сопственост на сопствениците Клејтон и Кери Ло, бидејќи животното воопшто не било заинтересирано за храна. Меѓутоа, животното се покажало дека е гладно за нешто друго: ПАРИ.
Клејтон извадил 4.000 долари од банка и ги оставил во плик на масата и излегол. Намерата му била подоцна да ги распредели која пара кој долг да го плати, но тоа не се случи. Половина час подоцна, кога се вратил, пликот го немало, а мешаниот фраер, пола златен ретривер – пола пудлица бил пронајден со полна муцка, опкружен со парчиња пари. Животното штотуку ги изело четирите илјади долари.
Примарната грижа сепак им била здравјето на кучето, но личело дека медицински третман не бил неопходен. Втората грижа биле парите, но што да се прави? Дали да се помирите со загубата, или да чекате природата да си го направи своето, да излезат од другата страна, а потоа вие да ги исполирате и да ги залепите. Клејтон и Кери се одлучиле за второто, ги исчистиле остатоиците од сите повраќаници и измет и го зеле селотејпот во раце. На крајот успеале да вратат неверојатни 3.550 долари.

Коментирај анонимно