Запознајте ја Софија: Имала само 22 години кога станала милионерка, а инспирацијата ја добила од својата прапрабаба

Австралиската инфлуенсерка Софија Бег, која се најде на листата „Forbes 30 Under 30“ за 2025 година, ја поврзува својата деловна приказна со семејно име. Таа почнала како креаторка на содржини на 16 години, а тинејџерското хоби го претворила во осумцифрена деловна империја. Денес, на 22 години, ги собира плодовите од тој пат.

Награда на TikTok за All for Mimi, но таа вели дека титулите не менуваат ништо

Иако минатата година ја освои наградата TikTok Business of the Year за нејзиниот бренд за облека All for Mimi, именуван по нејзината пра-пра-баба, Софија признава дека патот не бил секогаш лесен. Јавноста ја знае по ведриот карактер и брзиот животен ритам, но зад сцената нејзиниот поглед кон животот е многу посмирен.
„Иако сум многу благодарна и почестена за овие титули или награди, тие не го менуваат тоа која сум, па секогаш ке продолжам да ја објавувам вистинската, автентична јас“, скромно изјави таа за news.com.au.

Во најлошите денови не излегувала од дома без фармерки и дуксер, дури и летно време

Зад брзиот раст на нејзината публика, Софија криела тешка борба со изразена телесна дисморфија.
Таа призна: „Тоа влијаеше на секој аспект од мојот живот, а во најлошата фаза ме остави врзана за кревет и неспособна да излезам од дома, а ако излезев, бев целосно покриена со фармерки и дуксер, дури и во лето.“

 

Професионалната помош ја нарекува „најдоброто нешто што некогаш сум го направила“

Поради тоа, Софија побарала стручна помош, чекор што го опишува како „најдоброто нешто што некогаш сум го направила“. Денес, внимателноста и присутноста во моментот се дел од нејзините начини за справување.
На помладите следбенички кои се соочуваат со сопствени несигурности им порача: „Универзумот ти го чува грбот, и запомни дека одбивањето е пренасочување, па секогаш биди своја, без разлика на се.“

Лондон, Франција и Шпанија станале дел од летото во кое Glamour ја стави на насловна

Ова лето Софија поминала време во Лондон, Франција и Шпанија, промовирајки го својот бренд кој продолжува да расте. Неодамна стана и лице од насловната страница на Glamour, во период кога магазинот се подготвува за лансирање во Австралија.
Во видео таа сподели лична порака: „Сите непроспиени ноки, солзи, цврстина, работа, сомнеж и страв од неуспех. Оваа година ме турна, ме тестираше и ме научи толку многу.
Forbes 30 under 30 е нешто за кое верував дека никогаш нема да го постигнам, особено не на 21 година. Ако имаш сон, следи го. Може да биде осамено, страшно, тешко, исцрпувачко… но ти ветувам дека сето тоа ке се исплати.“

„Девојката што ме инспирираше да почнам мои модни видеа на TikTok“

Следбениците на Софија одговорија со пораки на поддршка и восхит.
Една од нив напиша: „Ти си вистинска инспирација за сите млади девојки со сон. Толку заслужено, кралице.“
Втора се согласи: „Девојката што ме инспирираше да почнам мои модни видеа на TikTok. Апсолутно обожавам да гледам како растеш и ги постигнуваш своите цели. Те сакаме, Soph.“
Трета сподели: „Буквално плачам, ја заслужуваш секоја успешност и големина што се случува во твојот живот, Soph, честитки.“
Четврта корисничка на TikTok додаде: „Толку сум горда! Толку заслужено! Продолжи да целиш кон месечината, бебе.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *