Запрепастувачката оптичка илузија која го мами вашиот МОЗОК: Која боја ја гледате вие?

Нема сомнение дека оптичките илузии го збунуваат секој човек- без разлика дали станува збор за точки што исчезнуваат или вистинската боја на лименката Кока-Кола.

И сега, „TikTok” видеото споделено од д-р Дин Џексон (@beatonthebeeb) ќе го направи токму тоа – предизвикува сомнеж дали можеме да им веруваме на нашите очи.

Додека лименката изгледа како светло црвена, д-р Џексон објаснува дека твоите очи те мамат, бидејќи всушност е сива.

Слично како лименката Кока-Кола, овој чуден феномен се случува кога боите се мешаат заедно, исфрлајќи го мозокот од рамнотежа.
Д-р Џексон претстави уште еден пример за ова во видеото каде што покажа слика на женски очи кои изгледаат сини, но всушност се сиви.

Излегува дека ова може да варира и во зависност од вашиот пол, според професорот Ендру Лотарија од Универзитетот во Саутемптон.

Ова е под влијание на комбинации на гени на поединецот кои создаваат чувство за боја, изјави тој.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *