„Заработувам 9000 долари месечно, работам 2 часа во денот и не, не е тоа што претпоставувате!“
Кога манекенката Џенифер Лав се нашла во тешка ситуација, за време на карантинот, една пријателка ѝ предложила необичен начин да заработи пари.
25-годишната девојка работела како келнерка кога започнал Ковид, а пријателите се шегувале дека треба да се обиде да заработи пари со слики од нејзините убави стапала.
Но, Џенифер набрзо открила дека нејзините машки клиенти не сакаат само да ги гледаат нејзините прсти на нозете – но нивните барања, сепак не биле толку жестоки како што можело да се очекува.

Сега Џенифер, од Ридинг , Беркшир , заработува и до 9.000 евра месечно со „малтретирање“ на мажи онлајн.
Таа наплаќа 50 евра за 10 секунди снимка со нејзините стапала, и 150 евра за персонализирано триминутно видео.
Џенифер тврди дека заработува околу 5.000 евра за време на мирен месец – и двојно повеќе во добар месец.
Таа вели: „Многу луѓе ме критикуваа велејќи дека ги искористувам ранливите мажи и дека треба да се срамам“.
Џенифер мора да работи само помеѓу два и три часот навечер, но признава дека имала некои многу чудни барања, вклучително и еден клиент кој ја замолил да плука во камерата.
Џенифер вели дека поголемиот дел од својот бизнис го добива за време на викендите кога мажите се враќаат дома пијани од ноќните излегувања.

„Имам многу постари бизнисмени, а исто така и помлади мажи кои имаат премногу време и наоѓаат задоволство во ова“, објаснува таа.
„Еднаш дури имав жена клиент. Бев многу шокирана, не очекував да видам жена од другата страна на камерата“.
Џенифер работи за агенција за веб-камери наречена „Off The Record“ која и носи поголема заштита и безбедност од несакани и неоправдани барања. Компанијата на жените им обезбедува дури и терапија.
„Во врска сум и мојот партнер многу ме поддржува во тоа што го работам“.

dodeka ima budali, ovakvite nerabotnici i kurvicki ke si ziveat ubav zivot, da platis 50 eu da i gi vidis stopalata, vo najmala raka treba da si degenerik, toa e najblago kazano
Коментирај анонимно