Зарем сите овие се реални? Запознајте ја Емили Тосело, слаткарката која создава магија со своите две раце

Емили Тосело е слаткарка од Ница, Франција. Таа стана една од водечките фигури во растечкиот свет на надреални 3D колачи. Со повеќе од пет години искуство како дизајнер на торти, Тосело ги создаде некои од највпечатливите колачи и торти што некогаш сте ги виделе. Нејзините дизајни често се инспирирани од познати личности и ликови од филмови и ТВ емисии. Профилот на Емили на „Инстаграм“, @heavencakeemilie , има над 34.000 следбеници, но таа е најпопуларна на „TikTok“, каде има над 1,4 милиони следбеници.

 

 

Патувањето на Тосело во светот на дизајнот на торти започнало кога ја создала својата прва торта за роденденот на нејзината ќерка Хевен во 2015 година. Таа не ни замислувала дека оваа торта ќе го означи почетокот на едно креативно патување кое и го превртело животот. Сега таа се посветува на споделување на тајните на нејзиниот занает во работилниците за правење колачи, а нејзините спектакуларни и екстравагантни дизајни на торти продолжуваат да ја воодушевуваат публиката ширум светот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *