Застрашувачката историја на „триаголникот на Алјаска“: Повторно исчезнаа 10 лица во авион, којшто завчера леташе над овој регион

Во тек е потрагата по 10 лица кои се наоѓале во авионот што исчезна над Алјаска, регион со долга историја на воздушни несреќи.

„Цесна 208B“ летал од Уналаклит до Ном со пилот и девет патници кога завчера попладне на 6 февруари ненадејно исчезнале. Летот, кој обично трае 55 минути, се смета за релативно кратка рута, па кога авионот не стигнал на време, надлежните служби почнале да се загрижуваат.

 

 

 

Иако беше покрената копнена потрага, временските услови го ограничија воздушното пребарување, а и крајбрежната стража беше алармирана бидејќи последниот контакт со авионот бил 19 километри од брегот.

Оваа несреќа следи по судирот меѓу патнички авион на „American Airlines“ и воен хеликоптер во близина на Вашингтон, како и падот на воздушна амбуланта во Филаделфија.

Алјаска е позната по својата непредвидливост и бројните исчезнувања, што придонесе за создавање на митот за таканаречениот „Алјаскин триаголник“. Овој регион, кој се протега меѓу Уткиагвик, Анкориџ и Џуно, наводно има регистрирано околу 20.000 исчезнати лица од 1970-тите, според податоци од „History Channel“.

 

 

Првпат се споменува како загрижувачка зона во 1972 година, кога мал авион со четири патници исчезнал на летот од Анкориџ до Џуно. И покрај обемните потраги, ни авионот ни патниците никогаш не биле пронајдени.

Се надева дека тоа нема да биде судбината на „Цесна 208B“ и десетте лица кои исчезнаа вчера. Временските услови, вклучително магла и лесен снег, значително ги отежнаа првите потраги.

 

 

Доброволната противпожарна служба во Ном потврди дека се спроведуваат копнени пребарувања, но воздушната потрага е ограничена. Тие апелираа граѓаните да не се вклучуваат во неофицијални потраги, нагласувајќи дека безбедноста е приоритет.

„Во моментов активно пребаруваме од Ном и Вајт Маунтин. Ги молиме граѓаните да размислуваат за исчезнатите, но поради временските услови и безбедноста, ве молиме да не организирате индивидуални потраги“, соопштија од службата.

Во последната објава, тие информираа дека екипите сè уште пребаруваат на теренот, покривајќи што е можно поголема област, но за жал, засега немаат нови информации.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Цитирам: „Патувањето со авион е најбезбедната форма на транспорт, со просечна годишна стапка на повреди од само 0,01 повреда на 100 милиони поминати патнички милји.“ (извор: интернет)

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *