Збогум скопски бигор и пластични шишиња: Тестирав домашен систем за прочистување на водата со реверзна осмоза – резултатите се чудесни

Со години се мачев со едно исто – бигорот во водата и купишта пластични шишиња во кујната. Во Скопје водата не е страшна за пиење, ама кој живеел тука знае колку апаратите патат од бигор. Машината за кафе ми откажуваше на секои две години, бојлерот ми беше полн со наслаги, а и вкусот на водата никогаш не беше баш „чист“.

За да избегнам сето тоа, со години купував флаширана вода. Сметката? Илјадници денари годишно и еден куп пластика што завршуваше во контејнер. А кога пред неколку месеци почнаа да се појавуваат вести за микропластика во водата, ми текна: „Па јас буквално плаќам за да внесувам пластика во организмот!“

Првиот чекор кон промена

После многу истражување, решив да пробам домашен систем за прочистување со реверзна осмоза. Искрено, на почетокот бев скептичен. Ми изгледаше како премногу комплицирана технологија за да ја имам дома. Нарачав систем за реверзна осмоза од Бентен Пан – компанија за која веќе имав слушнато многу позитивни искуства.

Ме изненади колку брзо реагираа. Нарачката ја направив во вторник, а во четврток веќе ми дојдоа двајца професионалци и ми го монтираа уредот. Сè беше средено за помалку од еден час, без хаос во кујната, дури ми ги заменија и дотрајаните црева од бојлерчето.

Првата голтка

Не знаев што да очекувам – но кога ја пробав првата чаша вода од системот BP105M (еве линк), вкусот беше како од планински извор. Никаква тежина, никаква чудна арома, само чиста вода.

Од љубопитност, измерив и pH вредност. Претходно, нашата вода беше под 6 (кисела), а сега точно 7.0 – идеална рамнотежа. Решив да направам и еден тест што многумина го пробуваат: зоврев тенџере со вода. По испарувањето – ни трага, ни глас од бигор.

Невидливите придобивки

Она што најмногу ме радува не е само вкусот или фактот што апаратите дома ќе траат подолго. Туку тоа што секојдневно знам дека не внесувам микропластика, бактерии и тешки метали во организмот. Водата поминува низ пет степени на филтрација и на крај се минерализира за да има природен вкус.

Бонус – сметките за скапа вода во пластични шишиња буквално ми паднаа на нула. Ако пресметам годишно, системот сам си ја враќа инвестицијата, дури и заштедувам. А и совеста ми е мирна, бидејќи не фрлам по 400-500 пластични шишиња годишно.

Моја препорака

Ова е една од ретките инвестиции во домот што веднаш ми донесе промена на секојдневието. Ако веќе возхухот нѐ труе, барем водата можеме да си ја средиме. Кога веќе има решение, зошто да не биде најчиста и најздрава што може?

Ако и вие размислувате да се ослободите од пластичните шишиња и бигорот – јас лично го препорачувам BP105M системот од Бентен Пан. Не само што производот е квалитетен, туку и монтажата и сервисот се на високо ниво.

Најубаво од сè е што кога ќе им се јавите, луѓето таму се многу услужливи. Ќе ви објаснат сè – од тоа како функционира системот, до тоа како правилно се одржува, и ќе одговорат на сите прашања што ги имате.

  • Vesna напиша:

    Колку кошта се вкупно со местењето и како се одржува? На колку време треба да се смени системот или делови?

  • Vesna напиша:

    Колку кошта се вкупно со местењето и како се одржува? На колку време треба да се смени системот?

  • Rusiot напиша:

    Zavisi vesna kakov sistem sakas i dali ke go koristis za pienje voda ili i za drugi raboti perenje pajnci mienje kolku cesmi ke bidat ppvrzani na sistemot ili samo edna ili cela kukja vie za so ste?

  • Горан напиша:

    Јас го користам овој систем веќе 12 години. Прекрасен е, а и за да се уверам, правев детална анализа на водата. Инаку кошта околу 250 евра и потоа се менуваат филтрите годишно, а тоа е околу 30 евра една година 50-60 на втората година и се така.

  • Гоце напиша:

    Колку чинат филтрите кога ќе треба да се заменат?

  • Трајче напиша:

    Колку е здраво пиењето на таква вода која поминала низ реверзна осмоза која нема ништо во неа никакви минерали што ги содржи водата

    • Далибор напиша:

      Системот има и минерализатор, додава малку магнезиум и други корисни минерали. Не е дека тој што го правел не размислил на тоа. 21 век е, има решение на сите проблеми.

  • Стефан Комбуха напиша:

    Филтрирана вода користам повеќе од 20 год и за пиење и за пијалокот Комбуха.
    Комбухата приготвена со обична вода ни приближно не може да се спореди со Комбухата приготвена со Реверзна осмоза. Водата од чешма е 340-360 ppM,
    ako истече спаѓа на 270-280 ppM.
    Водата третирана со Реверзна осмоза има од 0- 6 ppM, (чиста се смета до 15ppM).Тврдината на вода од чешма е над 22 , по Реверзна осмоза пага на 0-1
    Едноставно не се споредува…

  • Borche напиша:

    Go koristam istiot sistem veke 7 godini I potpolno sum zadovolen I soglasen so tekstot I objasnuvanjeto. Inaku jas gi menuvam 2 pati godisno filtrite a na sekoi 2 godini membranata. Toplo go preporacuvam ovoj sistem na sekogo.

  • zoritoler imol напиша:

    I went over this internet site and I believe you have a lot of excellent info , saved to bookmarks (:.

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Vesna Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *