Џеф Безос „фатил добра риба“: Една од најатрактивните телевизиски водителки и свршеницата на основачот на „Амазон“, Лорен Санчез, ги покажа своите облини во црвен фустан, по повод нејзиниот 54 роденден
Лорен Санчез ги покажа своите раскошни облини во црвен фустан, додека го прославуваше својот 54-ти роденден со голем број нејзини пријатели и ѕвезди во текот на викендот.
Поранешната новинарка, кој во вторникот наполни 54 години, сподели серија фотографии од роденденската прослава – која се одржа на суперјахтата на свршеникот Џеф Безос, од повеќе милиони долари.
Таа изгледаше зачудувачки раскошно, облечена во бујна црвена тоалета која можеше да се пофали со отворен рез веднаш под нејзините гради. Таа ги остави долгите, кафени прамени во лабави бранови околу нејзиното лице и носеше смела шминка за забавата.
Лорен ја помина вечерта славејќи заедно со мноштво претприемачи и ѕвезди, вклучувајќи ја Лидија Кивес, која е сопруга на агентот за таленти и инвеститор Мајкл Кивес, потоа Елза Колинс, славниот козметичар Џејми Шерил и бизнисменката Вероника Смајли Грејзер. Присутна беше и актерката Октобер Гонзалес, која е сопруга на поранешниот дечко на Лорен, Тони Гонзалес, и нејзината сестра, фотографката Елена Санчез Блер.
Лорен и фудбалската ѕвезда Тони беа заедно во раните 2000-ти, а тие добија син, по име Нико Гонзалес, во 2002 година пред да тргнат секој по својот пат.
Прославата, наводно, се одржала на брегот на карипскиот остров Сент Бартс додека Лорен, основачот на „Амазон“ и нивните пријатели биле видени како се забавуваат на островот во петокот навечер. Фотографите ги покажуваат и Џеф и Лорен на прошетка во Густавија, главниот град на Сент Бартс, во неделата. Тие шетаат рака под рака низ островот.
Иако не е јасно кога точно почнале да се забавуваат, но романсата на Лорен и Џеф првпат била откриена од „National Enquirer“ во јануари 2019 година, додека двајцата беа во брак со други луѓе. Набргу откако беше откриено, магнатот се разведе од сопругата со која беше повеќе од 25 години и мајката на неговите четири деца, Мекензи Скот, додека Лорен го напушти својот сопруг, ко-основачот на агенцијата за таленти Ендевор, Патрик Вајтсел.
Бизнисменот – кој е третиот најбогат човек во светот и има пријавена нето вредност од 172 милијарди долари – и новинарката, го направија своето прво јавно појавување заедно во мај истата година и оттогаш се среќно заљубени.
Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.
Коментирај анонимно