Земјоделците од Бангладеш го искористија знаењето на своите предци и почнаа да прават пловечки фарми за да се борат против климатските промени

Мохамед Мостафа, земјоделец од југозападниот дел на Бангладеш, ја оживеа земјоделската практика на неговите предци за одгледување на житни култури на пловечки сплавови, бидејќи зголемувањето на нивото на морето и поплавите од бурите се закана на поголемиот дел од обработливото земјиште.

Ова е одговор на семејствата кои мораат да произведуваат храна за да преживеат.

Сплавовите исткаени од стеблата на инвазивните зумбули служат како спас за семејствата за време на се поекстремните сезони на монсуните, кога земјата може да биде особено оскудна.

Овој метод стар 200 години првично бил применуван од земјоделците од регионот за време на сезоната на поплави, која обично траела околу пет месеци во годината. Но, денес, областа останува под вода од осум до 10 месеци.

Сплавовите, за кои се потребни два месеци за да се направат, обично се долги околу 6 метри и широки 1 метар, но можат да бидат и неколку пати подолги, велат земјоделците. По три до четири месеци користење, тие скапуваат и мора да се заменат со нови.

  • Sasho напиша:

    fali uste dzes bejli i garet da im gi pratat i da im donesat demokratija, gey brakovi …

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.