Жена која била „клинички мртва” 14 минути се разбудила и открила дека родила девојче
Наташа Сокунби, 30-годишна жена од Стафорд, Англија, била во 37-та недела од бременоста кога почувствувала болки во градите и тешкотии при дишењето. По советот на медицинската линија 111, таа отишла во болницата Ројал Стоук со такси.
Во чекалната на болницата, Наташа доживеала срцев удар и колабирала. Додека медицинскиот тим се обидувал да ја реанимира, друг тим работел на спасување на нејзиното неродено бебе. Наташа била итно пренесена во операциона сала, каде што четири минути подоцна, нејзиното бебе било родено со итен царски рез. Болничкиот персонал поминал повеќе од половина час обидувајќи се да ја реанимира Наташа, пред да ја стават во индуцирана кома.
Кога се разбудила следниот ден, таа открила дека родила ќерка по име Бо за време на нејзиното искуство блиску до смртта. Наташа објаснила: „Моето срце не чукаше кога докторите ја извадија Бо. Буквално бев мртва кога ја извадија”.
Нејзиниот сопруг Ајо, бил со нивната постара ќерка Лав кога добил повик од болницата. И покрај тоа што имала срцеви проблеми и бременоста веројатно ги влошила, Наташа изразила голема благодарност кон докторите за спасувањето на нејзиниот и животот на Бо. Болничкиот персонал вклучен во грижата за Наташа и Бо бил награден со наградата на главниот извршен директор, а д-р Ендру Бенет го нарекол овој случај „еден од најгордите моменти што овој оддел некогаш ги видел”.
Коментирај анонимно