Жена која преживеала кома ја сфатила целта на нејзиниот живот по средбата со Бог

Жена била тешко болна и била пренесена во болница, каде што доживеала чудно религиозно искуство. Според неа, ѝ биле откриени нејзината душа и душата на нејзината баба, а потоа му кажала на Бога за тешкотиите во нејзиниот живот.
52-годишната Пени Витброд од Кентаки (САД) тешко се разболела, тешко голтала и едвај дишела, а нејзиниот син, поради оваа состојба веднаш ја однел во болница.

 

 

Во болницата, жената била приклучена на довод на кислород, но состојбата станала уште полоша.

Витброд тврди дека за момент нејзината душа го напуштила нејзиното тело и сфатила: „Времето овде на Земјата е толку структурирано, а времето навистина се оддалечува од тебе“.

Жената исто така тврди дека видела силна светлина и тогаш наеднаш се појавил духот на нејзината баба и ја утешил, велејќи и „да биде смирена“.
Таа потоа рекла дека се соочила со Бога, кому луто му зборувала за тешкотиите и тагите со кои се соочила таа и нејзиното семејство во нивните животи.

Според Витброд, Бог и рекол дека страдањето на овој свет ќе биде наградено во задгробниот живот и таа почувствувала мир.

„Многу ми е мило што некој е таму и не сум сама“, рекла таа.
Откако се разбудила од кома, жената почувствувала дека се помирила со страдањата што ги доживеала во животот.

Витброд рекла дека побарала од Бога да не го заборави овој дијалог кога ќе ја вратат во живот, велејќи дека ќе се чувствува безнадежно ако се врати без сеќавање.

Жената тврди дека кога се разбудила, веднаш оздравела.

„Направени сме да одиме напред, да ги надминуваме тешкотиите и да споделуваме добрина“, рекла таа.
Витброд вели дека најголемата лекција што ја научила е дека „земните удобности не ја имаат истата вредност во задгробниот живот. Тешкотиите и борбата даваат плод“.
Таа вели дека секој човек добива шанса да го избере своето семејство и кои животни лекции сака да ги научи пред да дојде на овој свет. Пред да дојдеш знаеш со какви проблеми ќе се соочиш.

  • Nove напиша:

    A Isus go otkri?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.