Жена лажела дека има рак и натерала околу 300 странци да донираат за нејзиното „лекување“ – сега нејзината срамна приказна е откриена во нов документарец

Аманда Кристин Рајли, блогерка и самопрогласена верска активистка, ја измами јавноста тврдејќи дека боледува од Хочкинов лимфом. Нејзината измама, во која преку блог и социјални мрежи успеа да собере повеќе од 100.000 долари во донации, сега е предмет на новата документарна серија „Scamanda“ од „ABC News Studio“.

 

 

Во 2012 година, Рајли започна да пишува на блогот „Lymphoma Can Suck It“, каде детално ја опишуваше својата наводна борба со ракот. Како членка на црковна заедница, брзо доби поддршка од пријатели и познаници, а приказната за нејзината болест предизвика огромно сочувство. Донациите пристигнуваа од повеќе од 300 луѓе, вкупно 105.513 долари.

 

 

 

Сомнежите започнаа кога нејзина пријателка, Лиса Бери, забележа нелогичности во нејзините тврдења. Рајли тврдела дека и покрај хемотерапијата и зрачењето, останала бремена, што било невообичаено. Подоцна, таа се појавила на базен веднаш по наводна медицинска процедура за дренажа на течност од мозокот, што изгледало невозможно. Бери ги пријавила своите сомнежи до истражителите, што доведе до понатамошна истрага.

 

 

Во 2020 година, Рајли беше обвинета за измама, а во 2022 година призна вина и беше осудена на пет години затвор. Документите открија дека нејзините манипулации продолжиле и во затворот, каде повеќе пати посетила итна медицинска помош, обидувајќи се да ги фалсификува симптомите за да изгледа посериозно болна.

 

 

 

Документарната серија „Scamanda“ премиерно беше прикажана на 30 јануари, а нови епизоди се емитуваат секој четврток на „ABC“, со можност за стриминг на „Hulu“ наредниот ден.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *