Жена од Велика Британија со огромни веѓи вели дека ги редефинирала стандардите за убавина!? Ви се допаѓа ли?

Семи-Џо Хејлфорд, која постигна вирална популарност, по тоа што ги има „најголемите веѓи во Британија“, во видеото на TikTok рече дека „не се согласува“ со индустријата за убавина и со она што таа ги учи луѓето. 27-годишната девојка вели дека нејзината цел е да ги „редефинира стандардите за убавина“. Таа сака да ја зголеми самодовербата на другите и да им помогне да се чувствуваат посигурни.
Зборувајќи со своите следбеници, 27-годишната рече: „Овде сум да им објаснам на луѓето и им помогнам да ја зголемат својата самодоверба и да бидат свои, да не се осудуваат еден со друг, да ја прифатат нивната природна убавина, да го прифатат начинот на кој сакаат и се изразуваат“.
Семи-Џо додаде дека индустријата за убавина има за цел да ги „украде нашите пари“ и да ги направи луѓето „ментално болни“ поради притисокот што го прави врз луѓето да изгледаат на одреден начин.
Откако ја пронашла славата како резултат на нејзините мамутни веѓи, Семи-Џо започнала движење наречено ВЕЃИ – што претставува симбол за редефинирана убавина или прифаќање на луѓето онакви какви што се .
Објавувајќи го своето движење, таа вели дека сака да им помогне на луѓето да го подобрат своето ментално здравје со отфрлање на прифатените стандарди за убавина.
Кога Семи-Џо првпат се најде на насловните страници поради нејзиниот неортодоксен изглед, таа го објасни начинот на кој користи течен молив за очи за да ги наслика веѓите. Во една нејзина изјава таа вели дека веѓите и помогнале да се издвои од толпата.
И покрај тоа што добива многу непријатни коментари за нејзиниот изглед, мајката изјави дека добивала пораки и од многу мажи кои мислеле дека е „убава“ и ѝ понудиле да ја изнесат на состанок.
„Тие секогаш прво ги спомнуваат веѓите, па можеби има некој фетиш таму“, вели таа.
Семи-Џо рече дека, покрај тоа што привлекува внимание на интернет, нејзините веѓи ги вртат главите на луѓето во јавноста и ја запираат на улица за да ја прашаат за нив.
„Тролањето сега не влијае на мене. Се обидувам да ја подигнам свеста за фактот дека луѓето можат да бидат различни“- вели Семи Џо.

  • dalton напиша:

    Па не се лоши, за василица сигурно проаѓаат.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *