Жена останала со дупка на лицето откако носот буквално ѝ се распаднал поради прекумерно шмркање кокаин
Кели Козира јавно проговори за опасностите од кокаинот откако ѝ се распаднал носот од прекумерна употреба, оставајќи ѝ голема дупка на лицето.
Кели, која е од Чикаго, Илиноис, првпат пробала кокаин во 2017 година, додека била на забава со пријатели. Но, за само неколку месеци станала зависна, користејќи ја дрогата постојано и запоставувајќи ја храната и сонот за да ја одржи зависноста.
Набрзо носот почнал да ѝ крвари, а дури и да искашлува делови од сопственото ткиво. Иако мислела дека оштетувањето ќе заздрави само од себе, продолжила со користењето кокаин, трошејќи околу 76.000 евра за 19 месеци.
Шокантните фотографии го откриваат уништувањето на нејзиниот носен септум, кој се распаднал и оставил огромна празнина, целосно менувајќи му ја формата на носот.
Откако нејзините најблиски интервенирале, Кели решила да престане со дрогата во 2021 година. Оттогаш издржала 15 операции за реконструкција на нејзиниот нос.
Сега, таа сака да стане советник за зависности и да го сподели своето искуство за да ги охрабри другите што се борат со слични проблеми.
Кели раскажува: „Повторно се сретнав со стари пријатели и почнав да користам кокаин со некој од нив. Почнав да земам кокаин ден и ноќ. Не јадев, не спиев. Сè уште работев, но на крај морав да дадам отказ. После три месеци секојдневна употреба, почна да ми крвари носот и да искашлувам парчиња кожа. Тогаш забележав дека ми се распаѓа септумот. Мислев дека тоа не може да ми се случи мене, дека не користам толку многу – но, всушност, користев премногу. Мислев дека ќе ми заздрави само од себе, но продолжив да шмркам. Септумот целосно исчезна. Потоа ми се појави дупка однадвор на лицето, која растеше сè додека не достигна големина на монета. На крај морав да го ставам малиот прст во носот за да го задржам кокаинот, за да не ми излезе низ дупката. Мојот нос изгледаше како на Даниела Вестбрук. Имав среќа што тоа се случи за време на ковидот, кога сите носеа маски, па никој не можеше да го види моето лице. Секому му велев дека имам синусна инфекција и лажев за мојата состојба. Бев ужасната од тоа како изгледав“.
По 15 реконструктивни операции, нејзиниот нос е значително подобрен. Лекарите користеле кожа од нејзиното чело за да создадат нов врв на носот и земале артерија од нејзината рака за да ја обноват крвната циркулација помеѓу образот и носот.
Кели додава: „Сега изгледа како нос. Ова цело искуство ме научи на многу нешта. Сега живеам ден за ден, така нè учат во програмата. Немам планови да се вратам на дрогата. Верувам дека кога зборуваме отворено за овие работи, можеме да си помогнеме и себеси и на другите. Колку повеќе зборуваме за зависноста, толку помалку таа ќе биде табу тема“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Having read this I thought it was very informative. I appreciate you taking the time and effort to put this article together. I once again find myself spending way to much time both reading and commenting. But so what, it was still worth it!
Коментирај анонимно