Жена предизвика жестока реакција откако откри дека на своето момче му наплатува КИРИЈА кога тој престојува во нејзината куќа за време на викендите

Една жена покрена жестока дебата откако откри дека на своето момче му наплаќа кирија кога тој престојува во нејзината куќа за време на викендите.

 

 

 

Мале Гомез, од Колумбија, го направи откровението на подкастот „Los Platos Sucios“ во неделата.

Ѕвездата на социјалните мрежи ѝ кажа на водителката на поткастот Ана Марија Кардона – заедно со колешката Изабела Ривера – за финансискиот договор што таа и нејзиното момче го договориле. Мале, чиј „Инстаграм“ ги прикажува нејзините раскошни патувања низ светот, откри: „Тој останува за време на викендите, а јас сè уште си го наплатувам хонорарот.
Мислам, дали услугите овде се бесплатни? Дали водата овде е бесплатна? Не гледам ништо лошо во тоа“.

 

 

 

Останатите жени и рекоа на Мале дека не се согласуваат со нејзините постапки – но Мале тврдеше дека дури ги убедила и нејзините пријателки да го сторат истото со нивните мажи.

 

 

Како што продолжи дебатата, инфлуенсерката цитираше видео што претходно го видела на социјалните мрежи, велејќи: „Ако мажот не ви помага да имате подобар финансиски живот, тогаш што правите?“

Не помина долго време додека слушателите излегоа на социјалните мрежи за да разговараат за идејата – при што повеќето не се согласуваа со ставот на Мале.

  • dimce напиша:

    E ova ti e novokomponovana”’ prostitutka”’ i na fin nacin go naplaka seksot.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *