Жената добила три желби – сопругот не знаел што го чека (виц)
Три жени играле голф едно убаво неделно претпладне. Едната од нив не била баш највешта, па топчето ѝ одлетало во шумата. Отишла да го побара, а наместо топчето нашла жаба фатена во стапица.
– Ослободи ме – рекла жабата – и ќе ти исполнам три желби.
Жената не се мислела многу и ја ослободила, а жабата ѝ рекла:
– Фала ти, ама заборавив нешто да ти кажам. Што и да посакаш, твојот сопруг ќе добие десет пати повеќе.
– Немам ништо против – задоволно одговорила жената.
Нејзината прва желба била да стане најубавата жена на светот.
– Ама свесна си – ја предупредила жабата – дека твојот сопруг ќе стане најубавиот маж на светот? Ќе го бркаат сите жени.
– Нема проблем. Па јас ќе бидам најубавата жена на светот, ќе гледа само во мене!
И така жената станала најубавата жена на светот.
Потоа посакала да стане најбогата.
– Но тоа значи дека твојот сопруг ќе стане десет пати побогат од тебе.
– Ни тоа не ми пречи. Неговото е и мое – одговорила жената.
И така станала најбогатата жена на светот.
– А која е твојата последна желба? – љубопитно прашала жабата.
– Сакам да добијам ЛЕСЕН срцев удар!


Коментирај анонимно