Жената од Делчево која го истражува магнетното поле на Земјата и е меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин
Сања Пановска е родена во Делчево и нејзината приказна ја надминува обичната биографија. Дипломирала физика во Скопје, магистрирала геофизика во Штип, докторирала на ETH Цирих, а постдокторските студии ги завршила на Универзитетот во Калифорнија. Денес е лидер на истражувачка група во Германскиот центар за геофизика во Потсдам и управува со европски проект вреден два милиони евра. Во 2025 година берлинскиот весник „Тагесшпигел“ ја поставува меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин. Истата година добива признание и од Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ во Македонска Каменица за високи дострели во науката.

Содржина:
Геомагнетизмот како наука што ја моделира иднината и секојдневието
Нејзиното поле е геомагнетизам: го проучува магнетното поле на Земјата, неговите промени низ историјата, екскурзиите и преобртите. Овие истражувања, иако звучат далечни, директно влијаат на космичкото зрачење кое стига до нас, на климата и на сите технологии што зависат од навигацијата и комуникацијата.

Од лабораторијата до светските признанија: амбасадорка на науката и инспирација за децата
Но Сања Пановска не останува само во лабораторија. Таа е наратор на документарниот филм „Магнетен Мозаик” кој е награден од УНЕСКО во категоријата Жени во науката. Има напишано детска книга „Мојата Земја”, преведена на повеќе јазици. Таа работи и на едукативен проект со загатки и игри наменети за деца меѓу три и осум години, со цел да ги запознае со геонауките. „Нашите деца се каменот на кој се гради нашата иднина”, цитира Нелсон Мандела во едно интервју. Тоа е причината зошто, паралелно со истражувањето на магнетното поле на планетата, се труди да објасни што е тоа полиња и на оние деца кои уште не умеат да читаат.
Македонка, научник, амбасадор – Сања Пановска во Потсдам го дефинира утрешниот свет
Сања Пановска е Македонка, еден од врвните научници што денес го моделираат разбирањето за нашата планета и влијае врз идните генерации. Нејзината посветеност на науката и развојот на децата ја прави единствена амбасадорка на македонската интелигенција на глобално ниво.

Bravo za mojata komsikq koja od rani godini uste vo mladosta se odvojuvasw od druggie pokazuvajki go svojot interesting I znaenje vo oblasta vo fizikqtq..golem respect I samo napred Sanje…pozz od Strumica
Коментирај анонимно