Жената почнала да го оценува мажот (виц)

Водат љубов мажот и жената. Завршуваат работа и жената вади едно тефтерче и запишува нешто.
– Што запишуваш во тефтерчето?
– Те оценувам.
– Ај да видам што добив.
– 2.
Мажот се засекирал и решил да почне да вежба. По неколку дена вежбање, пак водат љубов, жената пак запишува во тефтерчето. Мажот гледа 3+. Се засилил уште толку да вежба. И продолжил да се подобрува. По еден месец напорно вежбање, легнуваат вечерта, тој дава се од себе, 2 часа потење и жената преморена заспива. Sирка мажот во тефтерчето и гледа 5+.
Наредното утро не ја допира, вечерта пак, наредниот ден исто. После неколку дена без акција, жената прашува:
– Што се случи мажу, зошто повеќе не водиме љубов?
– Ааа, да не сум будала да си ја расипувам петката.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *