Жената со најдолгите нокти на светот, ги нема исечено цели 27 години – еве која е ТРАГИЧНАТА причина за оваа несекојдневна практика!

Дијана Армстронг од Минесота, САД, беше наградена со Гинисовиот рекорд за најдолги женски нокти досега на човек. Кога би ги подредиле сите 10 нејзини канџи, комбинираната должина би била повеќе од 13 метри.

 

 

 

Армстронг престанала да ги сече ноктите во 1997 година. Нејзините канџи сега лесно стигнуваат до подот и таа редовно ги бојадисува во различни бои. Официјалната страница на Гинисовата книга на рекорди на „Инстаграм“ ја сподели приказната на Армстронг, пишувајќи: „Комбинираната должина на ноктите на Дијана е подолга од стандардниот жолт училишен автобус! Дијана ги чува ноктите повеќе од 25 години!“

Социјалните мрежи „полудеа“, а многу корисници ја прашуваа истото.

„Како таа се брише?“

 

 

 

Во едно интервју, таа откри: „Па знаете, кога одам во тоалет е исто како и секој друг да оди во тоалет, само јас работам со моите нокти веројатно на поинаков начин. Јас користам многу тоалетна хартија. Не ја завиткувам околу раката како што прават некои луѓе, не можам да го правам тоа така, бидејќи нема да функционира така“.

Прашањата за Армстронг не застанаа тука. Едно лице напиша: „Колку шишиња лак се потребни?“

 

 

 

Други прашаа зошто Армстронг одлучила да ги пушти ноктите толку – и има трагична приказна зад оваа одлука. На денот кога ветила дека никогаш повеќе нема да ги скрати ноктите, таа ги замолила своите деца да се разбудат додека таа оди во супермаркет. Но, додека била надвор, нејзината најмлада ќерка и се јавила и открила дека нејзината 16-годишна Латиша не можела да се разбуди. Тогаш открила дека нејзиното дете за жал починало во сон од напад на астма.

Армстронг претходно изјави: „Тоа беше најлошиот ден во мојот живот“. Таа отсекогаш имала долги нокти кои Латиша со љубов и ги лакирала секој викенд.

 

 

„Таа беше единствената која ми ги средуваше ноктите. Ги полираше и ми ги мачкаше”, рекла таа.

Армстронг, која страдала од депресија цела деценија по смртта на нејзината ќерка, рече дека долгите нокти е нејзиниот начин да ја почитува нејзината ќерка и да го одржува нејзиниот спомен.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *