Жената што сакала да стане скротувач на тигри во циркус (виц)

Жена оди кај шефот на циркусот – ситна, со наочари, мирна, кротка, ќе ја речеш на мравка не гази.
– Сакам да станам скротувач на тигрите кај вас.
Шефот почнува да се смее:
– Добро, еве ги тигрите, само што се разбеснаа, оди скроти ги.
Жената мирно влегува во кафезот и наеднаш викнува:
– ИЗРОДИ! СЕКОЈ НА СВОЕТО МЕСТО!
Тигрите веднаш седнуваат од изненадување, а еден помал дури и се помочал.
Збунет шефот прашува:
– Вие се гледа дека имате искуство. И на претходната работа ли го правевте ова?
– Да.
– Каде?
– Класна сум на 1а во фискултурно…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *