Џенифер Анистон (53) со „лиената“ фигура во бикини докажува дека сè уште е заводливата Рејчел од „Пријатели“

Џенифер Анистон ги покажа резултатите од нејзиниот посветен режим на здравје и фитнес со серија фотографии во бикини.

Актерката (53) во понеделникот сподели фотографии на Инстаграм од последниот одмор на плажа со нејзините другари, вклучувајќи го и нејзиниот колега од „Horrible Bosses“, Џејсон Бејтмен и неговата сопруга Аманда Анка.

На сликите, ѕвездата на „Пријатели“, која се колне во секојдневните тренинзи и медитации, изгледаше совршено додека се сончаше со својата група пријатели на мистериозна локација на плажа.

Ѕвездата ја задржа својата неверојатна форма во текот на трите децении во Холивуд. На почетокот на оваа година, актерката  ги сподели нејзините тајни за благосостојба. Призна дека ја одржува исхраната под контрола со тоа што го започнува својот слободен ден со топла вода со лимон и исто така вежба. Но, најдобриот дел од нејзиниот ден е времето што го одвојува за медитација изјави таа.

Џенифер Анистон е доказ дека со посветеност можете да направите се. Се согласувате?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *