Џенифер Лопез ни покажа како ѝ стојат познатите тесни розови хеланки откако рече дека станува посекси како што старее
Џенифер Лопез отсекогаш била позната по својата фигура. Во четвртокот таа беше лежерно облечена во хеланките од „Beyond Yoga“ и џемпер. Таа го напушташе студиото за вежбање на Трејски Андерсон каде што собите се чуваат на 95 степени за да се ослободат од токсините и да се подобри еластичноста на кожата.



„Вежбањето на топлина и влажност дава голем број придобивки: потта го поттикнува телото да ослободува токсини и ја подобрува еластичноста и тонусот на кожата. Топлината исто така ги одржува мускулите топли и подготвени за движење. Не заборавајте да останете хидрирани. Кога вежбате и се потите, го користите природниот механизам за ладење на телото.“, се објаснува на веб-страницата на студиото.



За зголемениот број на улоги за постарите жени, Џенифер рече: „Луѓето сфатија дека жените стануваат посекси како што стареат. Тие се повеќе учат и се побогати со карактер. Сето тоа е многу убаво и привлечно, и не само физички, туку и внатре, убавината што ја добивате како што стареете, мудроста што ја стекнувате“.

Коментирај анонимно